СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА: Пациентите со рак добро реагираат на вакцините

Прочитај за: < 1 минута

Лицата заболени од рак имаат соодветни, заштитни имунолошки одговори на вакцините против ковид-19, а притоа да немаат повеќе несакани ефекти во однос на општата популација, објавија пет одделни научни тимови на европскиот состанок за онкологија оваа недела.

Во една студија во која учествувале 44.000 приматели на две дози „Фајзер“ истражувачите не откриле разлика во несаканите ефекти што ги доживеале скоро 4.000 учесници кои претходно или сега боледуваат од рак.

Во друга студија, истражувачите проучувале 791 пациенти со рак кои примале две дози „Модерна“. 28 дена по втората доза, соодветно ниво на антитела кон вирусот во крвта се откриени кај 84 проценти од пациентите со рак кои примаат хемотерапија, 89 проценти од пациентите кои примаат хемотерапија во комбинација со лек за имунотерапија и 93 проценти од пациентите кои примаат имунотерапија.

Овие резултати се добри кога се споредуваат со антитела измерени кај луѓе кои немаат рак, според портпаролот на Европското здружение за медицинска онкологија (ЕСМО), д -р Антонио Пасар.

– Високите стапки на ефикасност на вакцините забележани кај испитаната популација, без оглед на видот на третманот со рак, претставуваат силна и охрабрувачка порака за пациентите и нивните лекари – рече тој во изјавата.

SHARE