Фановите стравуваат дека е сериозно болен! Легендарниот актер не можел да го смири треперењето на раката

Прочитај за: < 1 минута

Холивудската ѕвезда Том Хенкс (65) ги вознемири неговите фанови при последното негово појавување во јавност кога не можел да го контролира треперењето на својата рака.

Том одржал говор во Австралија на премиерата на биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли, во кој Хенкс го игра менаџерот на пејачот, а среде говорот раката почнала неконтролирано да му трепери.

– Нема подобро место на светот за снимање филм од овде на Златниот брег – рекол Хенкс, држејќи микрофон во десната рака, додека левата рака му била во џебот.

Раката почнала да му се тресе, а тој се обидел треперењето да го контролира ставајќи ја левата рака на дното на микрофонот, под десната.

Хенкс потоа ја сменил раката во која го држел микрофонот, а се гледало дека и понатаму раката му се тресе.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а фановите веднаш почнаа со шпекулации за можните причини.

„Побогу, може да е само адреналин и нервоза!“, пишува во една од пооптимистичките пораки.

За жал, неговото нарушено здравје укажува на веројатност дека станува збор за Паркинсова болест“, пишува друг.

Тој е дијабетичар, тоа и се случува на мајка ми кога ќе и падне шеќерот, пишува трет.

SHARE