Филипче: Можно е да воведеме задолжителна вакцинација

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека има различни сценарија во различни земји поврзани со задолжителната вакцинација и дека кај нас се размислувало во врска со ова прашање.

Вака одговори министерот на новинарско прашање, откако сите вработени во државната администрација во Словенија кои немаат имунитет на корона, стекнат со вакцинација или прележување, ќе мора да се вакцинираат против ковид-19.

Според него, секогаш кога ќе сакаат да применат некои нови мерки, вакцинацијата е голема, а после тоа спласнува интересот.

– Во однос на задолжителната вакцинација, рано е. Сепак многу земји не ја исклучуваат таквата можно, па размислуваме и ние да ја имплементираме, иако сегашните мерки покажуваат резултати. Нема притисок во болниците каде вакцинацијата е голема. Граѓаните да ја сфатат важноста на процесот на вакцинација – рече Филипче.

Министерот уште еднаш кажа колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Тој потенцираше дека во градовите каде што е голем процентот на вакцинирани, дека нема притисок врз болнциите.

– Битно е граѓаните да ја сфатат важноста на вакцинацијата, онаму каде има голем процент на вакцинирани, нема притисок врз болниците. На пример Охрид, Ресен, Кавадарци… нема притисок врз болнците. И тоа не е само кај нас, тоа е секаде во светот. Само со вакцинација ќе се смени сликата на пандемијата – рече Филипче.

SHARE