Храна што помага за слабеење во текот на летото

Прочитај за: < 1 минута

Во текот на летото има сезонски зеленчук и овошје кои се идеална здрава замена за брзите и нездрави оброци коишто обично набрзина ги јадеме на плажа. Токму затоа сега е идеалниот период брзата храна да ја замените со здрава.

Цреши

Црешите се богати со антиоксидансот ресвератол за којшто истражувањата покажуваат дека го забрзува метаболизмот и помага при согорување калории. Исто така спречува дебелеење и деминерализација на коските.

Краставици

Краставиците имаат малку калории, богати се со антиоксиданси и може да го намалат ризикот од висок притисок. Освен тоа, преполни се со вода што е добро за хидратација на организмот.

Грејпфурт

Одличен избор за здрав појадок, богат е со витамин Ц. Го подобрува имунитетот, го стабилизира нивото на инсулин со што се намалува желбата за благо. Истражување покажа дека луѓето кои пред оброк пиеле сок од грејпфурт ослабиле повеќе килограми за разлика од оние кои пиеле вода.

Лубеница

Лубеницата содржи 90% вода и е одлична за освежување и хидратација. Истражување на глувци покажа дека на оние кои пиеле сок од лубеница им се намалил холестеролот. Исто така, тие глувци губеле побрзо на тежина за разлика од глувците кои не пиеле сок од лубеница.

Пченка

Лесно се подготвува и содржи многу растителни влакна. Добар извор е на лутеин и зеаксантин, хемикалии кои научниците ги поврзуваат со пониско ниво на губење мускули во текот на стареењето.

SHARE