Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Прочитај за: 2 минути

Елиминирањето на пивото може да има големи здравствени придобивки за организмот дури и ако не сте некој што пие пиво секој ден. Еве што сè ќе се случи во организмот кога ќе се откажеме од пивото.

Порамен стомак

Редовно пиење пиво може да резултира со зголемување на телесната тежина и т.н. пивски стомак. Добрата вест е дека е полесно да се израмни стомакот откако ќе престанете да пиете пиво.

Кога ќе се откажете од пивото, го намалувате бројот на калории што ги внесувате во организмот. Исфрлајќи го пивото, можете да спречите и прејадување, бидејќи алкохолот го отвора апетитот. Покрај тоа, ќе спречите надуеност што се јавува како резултат на јаглехидратите во пивото.

Пивото, како и секој друг алкохол, може да предизвика воспаление и да ја наруши рамнотежата на микробите во дигестивниот тракт. Ова предизвикува иритација, што пак предизвикува надуеност.

Подобрена функција на црниот дроб

Црниот дроб е шокантно отпорен орган, но тоа не значи дека треба да му ги тестирате границите. Консумирањето алкохол го оштетува црниот дроб, но кога ќе престанете да го пиете тој се регенерира и може да им се посвети на своите други задачи како што се разградување на токсините и метаболизам на мастите.

Губење тежина

Со алкохол доаѓаат празни калории, вие не сте сити со нив, но тие сепак ви се „лепат“. Затоа има смисла да се елиминира алкохолот за да се избегне зголемување на телесната тежина.

Помирен сон

Сите видови алкохол може да предизвикаат проблеми со спиењето. Колку поблиску спиете до пиење алкохол, толку е поголема веројатноста да не спиете добро. Само два алкохолни пијалоци на ден се доволни за нарушување на спиењето во следните 24 часа.

Побистра глава

Откажувањето од пивото може да спречи микрототоксини и тешки метали, кои понекогаш можат да залутаат во пиво за време на производството, да ја нарушат работата на мозокот. Иако ги нема многу од овие елементи и ги нема во секое пиво, има луѓе кои се исклучително чувствителни на нив. Внесувањето на овие елементи може да предизвика како што се главоболки и губење на меморијата.

SHARE