17-годишно момче од Македонија доби нова подлактица – му отстраниле тумор и му пресадиле коска од починат донор

Прочитај за: < 1 минута

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ е оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица, соопшти Министерството за здравство.

Тимот хирурзи под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава.

Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број  пациенти.

SHARE