18 здрави бебиња за Денот на мајките и леунките во Битолската болница

На големиот празник Пресвета Богородица, заштитничка на мајките и на леунките, на Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничка болница ,, Д-р Трифун Пановски” – Битола имаше 18 здрави бебиња, објавија од Мајчината школа на нивната фејсбук страница. На фотографијата се гинеколозите Николина Ристевска и Иванчо Василевски во придружба на своите колеги неонатолози и друг медицински кадар од истото одделение, опкружени со бебињата родени деновите пред и за Пресвета Богородица во Клиничката болница.

loading...
SHARE