Потврдени 23 нови случаи на Ковид-19, четворица починати, 111 излекувани

Прочитај за: 2 минути

Денеска регистрирани се 111 оздравени пациенти од Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Оздравените пациенти се од :Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 498
 Куманово – 389
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –150
 Тетово – 82
 Струга – 66
 Велес – 71
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -9
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10 . Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

SHARE