Потврдени 30 нови случаи позитивни на коронавирусот во Македонија

Прочитај за: < 1 минута

Потврдени 30 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство.

По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

– Скопје – 195
– Куманово – 62
– Дебар – 47
– Штип – 15
– Прилеп – 21
– Тетово -13
– Струга – 9
– Велес – 6
– Битола – 4
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Гевгелија – 2
– Струмица- 1
– Крива Паланка – 2
– Кочани – 1

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Извор: Плусинфо