Едукативни или хорор приказни за деца? Жена убива со нож, прегазено куче…

приказни за добра ноќ. 365 приказни, топер
Прочитај за: 2 минути

Поучни, едукативни приказни за деца. На прв поглед секој би ги купил без да размислува или да погледне што се пишува во нив. Но не е секогаш така.

Изненадувачки е фактот што се печатат вакви изданија за деца, па доколку ги имате овие приказни бидете внимателни, прочитајте што се пишува во нив, и дали се добри за вашите деца.

Во прилог мал извадок од изданието 365 Приказни, од Топер:

Кучето и врапчето

Едно куче ја напуштило куќата на стопанот поради тоа што веќе неколку дена не му давале да јаде. Патем, кучето сретнало едно љубезно врапче, кое му понудило засолниште и храна. Тие станале добри пријатели, а врабецот го ризикувал својот живот за да украде парче месо и леб за кучето. Кучето било многу изморено и легнало да спие на патот, додека врапчето внимавало на својот пријател.

Малку подоцна, по патот наишла коњска кочија и возачот побарал кучето да се разбуди и да се тргне од патот. Врапчето не сакало да го разбуди својот пријател и му рекло на возачот да оди по некој друг пат. Возачот се налутил, преминал преку кучето и ги изгазил.

Врапчето било многу натажено. Од гнев тоа му ги исколвало очите на коњот што ја влечел кочијата и ги издупчило сите буриња што биле на кочијата. Возачот замавнал со камшикот и врапчето побегнало.

Кога возачот на кочијата пристигнал дома, неговата жена му покажала едно големо јато птици, кое го исколвало сето жито на таванот. Меѓу сите птици било врапчето, кое се радувало гледајќи ја настанатата штета. “Колкава несреќа ни се случи!” – заплакал возачот. “Ќе доживееш и поголема!” – одговорило врапчето.

Обземен од лутина, возачот го дофатил врапчето и го ставил во својата уста. Врапчето бесно извикало: “За ова ќе платиш со својот живот!” Жената зела еден нож и замавнала да го убие врапчето. Тоа навреме излетало од устата на возачот и жената го убила возачот.

 

SHARE