Нови 5 позитивни на вирусот, бројката се искачи на 31

Прочитај за: < 1 минута

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

Извор: makedonskivesnik.com

SHARE