Сопругата на Тони Михајловски ја победи болеста – Александра проговори за тешките моменти низ кои поминала

Александра Михајловска
Прочитај за: < 1 минута

Сопругата на Тони Михајловски, Александра Јорева Михајловска на својот фејсбук профил си ја отвори душата и проговори низ што се поминала во изминатиот период, за борбата со тешката болест од која излезе како вистински победник.

Таа низ статусот кој го објави им се заблагодари на сите оние кои беа секогаш до неа во најтешките мигови, на сите кои ја поддржаа во борбата со тешката болест, на нејзините блиски и оние кои дадоа се од себе за се да заврши како што треба.

Имено, Александра на 24.10.2019 година била примена на гинеколошко акушерскиот оддел во клиниката Аџибадем Систина, каде била оперирана. После една година напорна борба, сега таа е повеќе од задоволна од луѓето кои беа до неа и и помогнаа се да биде во најдобар ред. Александра најпрво му се заблагодари на својот сопуг Тони за тоа што постои, и без сомнение најголемата поддрша во оваа борба со болеста ја доби токму од него.


Извор: Skopje24.mk

SHARE