Проф. д-р Ана Глигиќ: Додека вирусот циркулира и вакцинираните мора да носат маски

Прочитај за: < 1 минута

Додека вирусот циркулира сите вакцинирани мора да носат маски. Вирусот е во околината, важно е и вакцинираните да не го фатат, затоа што ќе најде начин да се размножува во организмот, но антителата многу брзо ќе го неутрализираат и клиничката слика или нема да се развие или ќе биде блага“, вели искусниот српски вирусолог проф. д-р Ана Глигиќ.

Таа вели дека сега е многу важно во што пократок период да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Го поздравувам големиот број вакцини, имаме можност да им кажеме на антиваксерите дека нема никакво чипирање. Би било добро да имаме уште поголемо темпо, што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат во најкус можен рок и ова да престане“.

„Бидејќи овој имунитет не е премногу долготраен, доколку вакцинацијата се одолжи до крајот на годината, а имунитетот слабее, ќе имаме лоша состојба. Гледам дека пристигнуваат вакцини, што значи дека организацијата е добра и дека одиме кон сузбивање. Единствено што загрижува се мутантите“, вели Глигиќ.

Повеќе >> pedijatar.mk

SHARE