Андријана ја прими последната хемотерапија: Пејачката Јулија емотивно за ќерката

Прочитај за: < 1 минута

Нашата позната пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска, на својот профил на социјалните мрежи објави дека нејзината ќерка Андријана ја добила последната, осма хемотерапија и им се заблагодари на сите кои биле покрај нив.

“Денеска ден за славење, осма последна хемо терапија за Андријана. Поминавме одлично, сите со прекрасна енергија, што целиот процес се одвива успешно. Со нас професионалната екипа, сестрите Тања и Жане, братот Мики, и секако др. Нино Васев, со максимална посветеност направија да ни помине времето брзо и лесно. Тука е и нашата Пепи, најдобрата другарка на Андријана и моја втора ќерка, која не опсипа со нејзината љубов и ни донесе подароци, прекрасни напишани пораки, како што само таа знае и умее, зашто има срце како планина.”


SHARE