Се огласи Азра – Медицинската сестра која остана без работа, но следниот ден повторно се врати на работа

Прочитај за: 2 минути

На социјалните мрежи се крена голема прашина за случајот на околу 40 медицински сестри, а новинарот Фуркан Салиу на својот профил на фејсбук напиша:

Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа многу битни за министерот Венко Филипче , кога требаше да ги објавува нејзините слики и да го користи нејзиниот труд за ПР.

Денеска тие лузни се заборавени! Заборавени се затоа што требаше да им се продолжи договорот. Во време кога има недостиг на кадар, кога директорката на ИМП јавно изјави денеска дека би било добро ако има уште неколку екипи, Азра, нејзината другарка Исра, и на уште 40-тина медицински сестри, не им е продолжен договорот.


Замислете како би требало да се чувствуваат другите медицински сестри или лекари кога ќе прочитаат дека Азра и Исра, работеле од 01.11.2019 до 31.10.2020, во најтешкото време, кога не знаевме ни колку опасен може да биде вирусот, без здравствено осигурување, а денеска, без ниту едно објаснување се оставени на улица.

Навистина би сакал да верувам дека сум во сигурни раце кога ќе отидам во државна клиника, но зошто мене лекар да не ме третира, како што министерството и власта ги третира овие медицински сестри?

Откако се реши овој случај со јавна благодарност излезе и една од медицинските сестри, Азра која на својот фејсбук профил напиша:

“Во животот секогаш сум била благодарна за се и сешто, исто така и сум билла подршка заради ова и сега многу зазема место ова поговорка “Што си садела, ќе жнееш”.

Вчера јас помагав некој што не го знаев денеска тие мене ми помагаа, сите што не ме знаат, но не во виктимизирана смислла по што јас и многу како мене заслужуваат и треба да бидеме во употреба на целиот народ кога баш сега медицинскиот персонал е во недостаток.

Токму за ова, еден лајк или шер за мене беше многу вреден и надеж за да сите наши деца, родителли, комшии што сега имаат потреба повеќе од било кога за нас.

И психоллошка подршка, а сето ова неможе да го напраи подобро од една сестра која е образована и професионална со дипллома и со знааеее. Ви благодарам што бевте нашата азбука кога ние немавме букви.”

SHARE