92-годишната баба Татјана: Може да ви зборува кој што сака, среќата е само во ова!

Прочитај за: 2 минути

Секое утро кога ќе се разбудам имам два избори, 92-годишната жена ја започнува приказната…

До 8 часот наутро, 92-годишната баба по име Татјана веќе е облечена, дискретно нашминкана, уредно исчешлана, подготвена да се пресели во дом за стари лица.

Нејзиниот сопруг почина неодамна, па сега таа нема друг избор. И покрај часовите стрпливо чекање, таа седеше сериозно и се насмевна само еднаш – кога ѝ рекоа дека нејзината соба е подготвена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објасни како би изгледала нејзината мала соба и дека има завеси што личат на прозорци.

„Ох, ќе ми се допаднат завесите“, беше првото нешто што го рече баба Татјана, со ентузијазам на дете на кое штотуку му беше дадена играчката за која сонуваше.

Медицинската сестра беше исплашена од предвремената реакција и можното подоцнежно разочарување, па затоа претпазливо рече:
„Да почекаме прво да ги видиме. Можеби нема да ти се допаднат”.

„Не е важно. Среќа е она што го одлучувате однапред. Како изгледа мојата нова соба, не зависи од распоредот и изборот на мебел, туку од начинот на кој работи мојот мозок. Јас ја донесувам таа одлука секое утро, веднаш штом се разбудам. Имам избор – да го поминам целиот ден во кревет размислувајќи за мојата болест и делови од моето тело што повеќе не ми припаѓаат, или да чувствувам радост и благодарност секој ден. И секој ден го доживувам како подарок и додека живеам, ќе мислам само на убави спомени“, рече бабата и додаде:

„Староста е како сметка во банка, сами ги повлекувате парите што ги ставате таму. А јас ве советувам да ставите што е можно повеќе моменти на среќа на вашата мемориска сметка”, рече таа во еден здив и повторно замолкна.

А подоцна ги откри своите 5 многу едноставни правила на среќните луѓе:

– Исчистете го срцето од зло;

– Исчистете го мозокот од грижи;

– Живејте поедноставно колку што можете;

– Давајте колку што можете повеќе;

– Не очекувајте премногу.

Извор: Женски Магазин

SHARE