Д-р Беќаровски: Како да ја намалиме смртноста поради доцно јавување во болниците

Прочитај за: < 1 минута

Статус на д-р Нико Беќаровски:

“КАКО ДА ЈА НАМАЛИМЕ СМРТНОСТА ПОРАДИ ДОЦНО ЈАВУВАЊЕ ВО БОЛНИЦИТЕ.

Пулс оксиметар е мал но значаен инструмент во превенција на доцното доаѓање во болниците при компликации од COVID-19. Со негово ставање на Вашиот прст за неколку секунди Ви овозможува да дознаете колку % Ви е заситеноста на крвта со кислород и колку Ви е пулсот, два есенцијални параметри за влошување на состојбата.

90% од болните со Ковид-19 се лечат во домашни услови, со on line консултација со својот матичен лекар.

Со само 100.000 евра може да се купат 10.000 вакви апаратчиња кои би се давале на сите болни кои се лечат дома. Пациентите три пати дневно би ја мереле оксигенацијата и пулсот и при пад на параметрите веднаш би го алармирале својот надлежен лекар.

По оздравувањето истиот би бил вратен и дезинфициран за следните болни, а на крајот од пандемијава би им се поделиле на сите заболени со Астма и ХОББ.

САМО 100.000 € МОЖАТ ДА СПАСАТ СТОТИЦИ ЖИВОТИ.”


SHARE