Благодарение на д-р Жан Митрев, ден – денес му се радувам на животот

Прочитај за: 2 минути

Нашиот најпознат кардиолог, кој повеќе од дваесет години работи во својата приватна „Жан Митрев Клиник“, има добиено бројни признанија за својата работа. Тој е еден од ретките наши доктори, кој одеше во обратна насока, па така од „комфорната“ Германија, каде исто така беше познат и признат, одлучи да се врати во татковината и своето знаење да го стави на располагање на нашите граѓани.

Сепак, ниту едно државно или институционално признание, нема вредност, како она од пациентите, а таквите исповеди од луѓе на кои д-р Жан Митрев им помогнал, се многубројни. Едно такво, можете да прочитате подолу. Се работи за Димитри Попоски од Струга, кој долги години живее во САД. Тој за Галама го раскажа своето искуство:

-Пред 12 години, јас вообичаено бев дојден од Америка во Македонија, во летниот период. Тоа со години го практикувам и во татковината седам по неколку месеци. Струга летно време е прекрасна, а нешто што со душа го чекам, се Струшките вечери на поезијата.

Шетајќи една вечер низ струшката чаршија, се сретнав со д-р Виктор Топаловски, аврвен интернист и кардиолог, докажан дијагностичар, кој има две приватни ординации во Охрид и Струга. Со него сме и роднини.

По неврзаниот разговор, тој ми предложи да појдам во неговата ординација, за да ми направи рутински преглед. Јас не сакав да прифатам, бидејќи немав некои проблеми, односно немав никакви проблеми. Но сепак се согласив.

Доктор Топаловски, веднаш ми препорача да се обратам кај д-р Жан Митрев во Скопје. Така и направив. Закажв термин за преглед и отидов. По прегледот кај нив и тие ја констатираа дијагнозата која ја постави д-р Топаловски и ми беше предложен оперативен зафат.

Долго размислував дали интервенцијата да ја направам во Македонија, или во Америка, со оглед на тоа што сум здравтсввено осигуран во Америка, но со оглед на тоа што го знаев за д-р Митрев, кој ми беше познат како врвен кардиолог, кој престојувал и работел во Германија, се одлучив интервенцијата да ја направам кај него.

Повеќе >> galama.website

SHARE