Богоев: Д-р Трајче Нешковски имаше големо срце, беше научен да се бори

Прочитај за: < 1 минута

Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, откако денеска во Гостивар беше отворена книга на жалост, по повод неодамнешната смрт на д-р Трајче Нешковски кој трагично загина во сообраќана незгода во Скопје, во која последните зборови, со солзи во очи, ги пишаа неговите сопартијци од Социјалдемократскиот сојуз. 

-Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња. Но, за него зборовите ризик и страв не постоеја. Цело време беше научен да се бори. За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи- напиша на фејсбук Богоев.

-Трајче, секогаш ќе се водиме по твоите идеали. Човек може да умре, но идеја и херој никогаш- напиша Богоев на Фејсбук.

Нешковски почина на 32 годишна возраст. Тој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле. Веднаш по страотната сообраќајка со амбулантно возило тој бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде и починал.

Пулмологот Нешковски зад себе остави двегодишна ќеркичка.


SHARE