Бремени жени под притисок на газдите – или мислење за патолошка бременост или назад на работа

Прочитај за: < 1 минута

Работодавачите тераат самоволие, Фондот за здравство плаќа, а пациентките во клинч. Владата своевремено, на почетокот на пандемијата одлучи бремените жени да се ослободат од работа со физичко присуство и тоа до завршување на пандемијата. Пандемијата иако се смирува – сепак, сè уште трае. Уредбите на Владата сè уште се во важност, но не се почитувани од дел од работодавачите велат од Здружението на матични гинеколози.

Ако трендот на подобрување на Ковид-состојбата во земјава продолжи со тоа темпо, ќе следи и период на олеснување на мерките. Но, засега сите постоечки превентивни мерки сè уште важат како и на почетокот кога беа донесени. Годишно во земјава има илјадници бремени жени и што ако секоја од нив поради својот работодавач бара нејзиниот гинеколог да ја води нејзината бременост како ризична?! – прашува доктор Филиповски.

Бремените жени се ослободени од работа сè до крајот на пандемијата прогласена од Светската здравствена организација, со одлука на Владата од 3 ноември 2020 – а, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Повеќе >> telma.com.mk

SHARE