Мутација во британската варијанта на Ковид-19 за првпат откриена во Бугарија

Прочитај за: < 1 минута

Во Бугарија за првпат е изолиран британски сој на коронавирусот со мутација карактеристична за бразилската варијанта. Тоа го соопшти бугарскиот Национален центар за заразни болести.

Мутацијата К417Т е откриена при клинички анализи земени од различни места во државата.

Мутацијата К417Т е типична за бразилската вирусна варијанта P1 позната и како Б.1.1.28.1 или 20Ј/501Y.V3.

Мутацијата е откриена првпат кај маж на возрасна група 80-90 години од Софија кој бил хоспитализиран во неделата 26-30 април 2021. Пациентот починал, јавија бугарските медиуми.

Извор: zoom.mk

SHARE