Алармантно во Охрид: Британскиот сој ја затвори охридска кардиохирургија

Прочитај за: < 1 минута

Сите термини од платформата Мој термин се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.

„Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

Уште вчера беше алармантно на охридската клиника, а директорот доктор Горан Балески за Слободен печат рече дека пандемијата воопшто не очекува да се повлече брзо. Тој додаде дека во моментов во клиниката има 55 хоспитализации, а 40 од нив се на кислород. Се ова, како што вели го оптоварува капацитетот на болницата.

Извор: Слободен Печат

SHARE