COVID-19: Оваа болест кај децата обично трае кратко

Прочитај за: < 1 минута
Кои се првите симптоми на COVID-19?

Новата инфекција од коронавирусот може да предизвика, меѓу другото, покачена температура, кашлица и болки во мускулите. Овие симптоми можат да се јават и кај други вирусни инфекции кои се карактеристични за овој есенски период.

На што треба да се внимава

Една од задачите на родителите, со оглед на започнувањето на училишните активности, е да им ја мерат температурата на своите деца наутро пред да ги однесат на училиште/градинка.

Ова е многу важно затоа што ако имаат температура над 37,5° C – децата не треба да влезат во училницата/градинката и ќе мора да останат дома. Всушност, еден од првите знаци за аларм е покачената температура, а дете кое има температура може да има COVID-19.

Симптомите може да се појават од 2 до 14 дена по контакт со лице кое е инфицирано. Тие можат да се манифестираат со температура повисока од 37,5° C или со најмалку еден од следниве симптоми: кашлица, температура со треска, болки во мускулите, главоболка, жарење во грлото. Други поретки симптоми се гастроинтестиналните симптоми како гадење, повраќање или дијареја. Некои пациенти имаат губиток на вкус или на мирис (децата не можат да го соопштат оваа чувство). Во секој случај, температура над 37,5° C, што не паѓа со антипиретици, е првиот алармантен знак, по ова се јавува кашлицата, обично сува упорна и без катар.

Најраните симптоми на новиот коронавирус се многу слични на оние на сезонскиот грип. Кашлица, треска и болки во телото се присутни кај сите болести предизвикани од различни респираторни вируси. Меѓу другото, во периодот на сезонски грип, заразата е многу честа  во училиштето/градинките, особено кај најмалите, затоа што децата се наоѓаат заедно во иста просторија доста време.

Повеќе >> Педијатар МК

SHARE