Приватно со д-р Даниловски: Бајкер и гурман кој сака да забибери и посоли

драган данаиловски
Прочитај за: < 1 минута

Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски е еден од неколкуте доктори, кои имаа доблест, речиси секојдневно, да ги информираат граѓаните за текот на пандемијата, преку настапи на електронските медиуми и социјалните мрежи.

Порталот „Галама“ одлучи да направи едно поинакво интервју со професорот. Детали од неговиот приватен живот, за читателите да имаат комплетна слика за докторот, кој секојдневно им дава стручни совети.

Професоре Д-р Драган Даниловски, повеќе од седум месеци сте речиси секојдневно активно ангажирани на телевизиските и другите медиуми заради актуелната состојба во светот и кај нас, а во врска со пандемијата на КОВИД-19.

Малку знаеме, кажете ни нешто накратко за вашата стручна биографија, каде сте родени, нешто за вашиот фамилијарен живот.

-Рoден сум во Белград и таму живеев до претшколската возраст… Завршив Медицински факултет во Скопје. Специјализирав епидемиологија во Скопје, Белрад, Лондон, Бирмингем.

Докторирав на Медицинскиот факултет во Скопје во 1995 година. Редовен сум професор на епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика на Медицинскиот и Стоматололошкиот факултет на сите три нивоа: додипломски, последипломски (за магистри на јавното здравство) и докторски студии.

Во пензија сум од неодамна, од 1. октомври 2020. Но, понатаму имам наставни обврски на докторските студии на Медицинскиот факултет. Исто така, работам на два истражувачки проекти во соработка со Универзитетот Колумбија, САД.

Едниот проект е токму за новонастанатата ситуација за КОВИД-19 („Влијание на пандемијата на КОВИД-19 врз менталното здравје на здравствените работници: Студија за здравствените работници што работат со КОВИД-19 – ХЕРОИ“).

Повеќе >> Галама

SHARE