Др. Данаиловски: Идеално ќе биде 24 часа да се затвориме дома, зашто сме во трета светска војна

Прочитај за: < 1 минута

Доктор Драган Данаиловски во вчерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека идеално би било полицискиот час да трае 24 часа, со цел да се сопрат ланците на ширење на корона вирусот.

Школите ги затворивме, учениците излегоа на улица. Кафичите ги затворивме, младите отидоа по паркови, по викендици. Дружењето на младите не го намаливме. Кога знаеме дека младите се најдинамична група, мора да има порестритивни мерки за нив. Јас би почнал со тоа да се продолжи полицискиот час. Не би сакал да предложам 24/7 да биде, иако ако помислам тоа би било идеално. 24 часа да бидеме затворени, да го сопреме времето, зашто ние сме во трета светска војна. Имаме невидлив непријател. Би било добро кога сите би се затвориле дома, да ја прекинеме стихијата на заразата, вели доктор Данаиловски.

SHARE