Дете од градинка во општина Центар, позитивно на коронавирус

Прочитај за: < 1 минута

Прв случај на дете заразено со КОВИД-19 е забележан во скопска градинка, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.

Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.

Извор: ТВ21

SHARE