Детето е среќа. Не машко, или женско, туку детето!

Прочитај за: < 1 минута

Беше Јануари. Јас бев девојче. Во селото на баба ми се чекаше принова. Некаде пред зори слушнав: „Таа се породи. Машко. Синче. Здрав и напреден“.

Сите во селото рекоа: „Ако, машала, само нека биде прво машко. И така, започна годината. Ќе биде родна“.

Се прашував каква ќе беше годината ако се родеше мало девојче. Девојченце како мене. Дали би била сушна и несреќна? Полна со лоши вести?

Јануари 2015 година.

Го чекав седум години. Чекав и си замислував како ќе изгледа нашиот живот. Само да се родам живо и здраво дете. По 15 дена во болница, мојата ѕвезда пристигна дома. Во бело креветче, јорган во циклама боја. Таа бела, нежна, надоена, спие.

На вратата се појавува свештеник, со света вода.

„Еве за добредојде. Денес е голем ден за нас. Таа дојде кај нас. Ја добивме по долгогодишно чекање“, рече сопругот.

Свештеникот гледа во креветчето, во тоа бело лице.

Се прашував каква ќе беше годината ако се родеше мало девојче. Девојченце како мене. Дали би била сушна и несреќна? Полна со лоши вести?

„Што е ? Момче ли е? ”

Се погледнавме со маж ми и рековме: “Не, тоа е девојче”.

Свештеникот рече: “Ох, девојка. Следната година ќе биде син.”

Моето воспитување во тој момент не ми дозволи нешто повеќе да кажам.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE