Директорот на Фајзер давал „срамно лажливи“ тврдења за вакцинирањето деца против Ковид

Прочитај за: < 1 минута

Тврдењето на ЦЕО-то Алберт Борула дека децата на возраст од 5 до 11 години имаат корист од вакцинацијата ја имаат наведено јавноста на погрешно мислење, порачуваат британските медицинари.

Борула во разговор за Би-би-си тврдеше „кај мене нема сомнеж дека бенефитите целосно се во корист“ на вакцинирањето на деца од 5 до 11 години. Заради тврдењата поднесена е жалба до регулаторното тело на Асоцијацијата на британската фармацевтска индустрија, ПМСЦПА.

Во жалбата се наведува дека тврдењата на Борула се „срамно лажливи“, дека се од „екстремно промотивна природа“ и дека имаат прекршено неколку ставки од кодексот на однесување на Асоцијацијата на британската фармацевтска индустрија.

По ова ставот на ПМСЦПА е дека „Фајзер го прекршил кодексот на неколку различни начини, вклучувајќи и погрешно наведување на јавноста, давање неиздржани тврдења, и неуспех да објави информација на фактички и балансиран начин“.

Во септември 2021, британскиот Заеднички комитет за вакцинација и имунизација даде препорака против задолжително вакцинирање на деца на возраст меѓу 12 и 15 години тврдејќи дека „маргината на корист“ е премногу мала и наведувајќи го нискиот ризик што здрави деца го имаат од вирусот. Сепак за помалку од две недели, британските власти одобрија вакцинирање на оваа група со Фајзер вакцината.

Дури во февруари 2022 истиот овој комитет објави дека на децата на возраст меѓу 5 и 11 години може да им биде понудена вакцина против ковид, меѓутоа британските власти решија дека одлуката треба да им биде оставена на родителите.