
Недостигот на витамин Д е честа појава, а повеќе е распространета кај возрасните лица и лицата со други здравствени состојби. Експертите не знаат со сигурност колку луѓе имаат недостиг на витамин Д, но се проценува дека околу 1 милијарда луѓе, односно 13% од светското население го има овој проблем, покажува извештај од „Стар перлс“.
Луѓето го внесуваат овој витамин преку храната, но и со изложеност на сончева светлина. Во текот на зимата, кога не сме изложени на многу сончева светлина, би требало да внесуваме повеќе намирници што се богати со овој витамин, а ова се некои што ги препорачуваат експертите.
Млеко збогатено со витамини
Обичното кравјо млеко нема витамин Д, но тоа може да биде заменето со млеко збогатено со витамини. Секако, витаминот Д не е најважната хранлива состојка на млекото. Тоа е богато и со калциум, фосфор, калиум и витамини од групата Б и е добар извор на протеини.
Лосос
Оваа риба содржи многу витамин Д, а богата е и со други здрави состојки.
Туна од конзерва
Доколку барате евтина намирница со која ќе го зголемите внесувањето на витамин Д во исхраната, обидете се со туната во конзерва. Треба да внимавате да не јадете премногу туна бидејќи содржи жива.
Жолчки
Жолчките имаат здрави состојки, меѓу кои е и витаминот Д. Едно јајце содржи околу 6% од дневната препорачана доза на витамин Д, а поголемиот дел е во жолчката.
Повеќе >> Факултети.мк