Др. Чадиковски: Нема поголема радост да спасиш бебе по долга борба

Прочитај за: < 1 минута

Детскиот хирург др. Владимир Чадиковски кој работи во приватната болница „Аџибадем Систина“, направил среќни многу родители спасувајќи го животот на нивните дечиња.

Така овој пат тој на своите социјални мрежи сподели емотивна приказна за семејство од Америка, чие бебе родено во 33-та гестациска недела со само 1,7 килограми го спасил со својот тим.

„Нема поголема радост да спасиш бебе Михаил(1.7 кг. 33 гест.недела) на родители дојдени од Америка да направат македонска свадба и по долга борба да се вратат со здраво детенце дома!!! Браво за цел тим!!“ – напиша тој на нивната заедничка фотографија.