Д-р Денис Ал Кхалили: Првите илјада дена се многу поважни кај предвремено родените деца

Прочитај за: < 1 минута

Периодот од зачнување, од почетокот на бременоста сè до вториот ден на детето се сметаат за неговите први илјада денови. Научно е утврдено дека начинот на кој мајката живее, се храни, дали има сигурност или стрес во секојдневното живеење додека е бремена, но и по породувањето, многу влијае на севкупниот развој и здравје на детето се до возрасни години. Првите 1.000 денови се уште поважни кај предвреме родените бебиња, вели за „Република“ д-р Денис Ал Кхалили, педијатар во оддел за неонатална интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), основач и претседател на организацијата „Лулка“.

Организацијата „Лулка“ веќе 10 години го организира и одбележува Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември во Македонија. Оваа година слоганот гласи „Родителската прегратка: Моќна терапија“.

На што се должи намалувањето, но и одржувањето на ниската стапка на смртност кај најкритичните предвремно родени бебиња?

Ал Кхалили: Во изминатите 5-6 години, континуирано, се подобруваат резултатите од лекување на предвреме родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство и во Македонија, особено на оние кои се раѓаат со многу мала тежина (<1500 g) и оние со екстремно мала тежина (> republika.mk