Д-р Глигиќ даде одговор на многу важно прашање: Дали доилките треба да се вакцинираат?

Прочитај за: < 1 минута

Српскиот виролог Ана Глигиќ вели дека пасивната имунизација, односно пренесување на антитела од мајката на детето преку млекото, е позната одамна, па затоа на сите родилки им се советува доење. Меѓутоа, кога станува збор за вакцинација на доилки против коронавирусот, д-р Глигиќ вели дека е потребно да пројде уште време за да се биде сигурно дека тоа е безбедно и за мајката и за детето.

-Бебето преку млекото добива антитела од мајката и е заштитено се додека не го развие својот имунолошки систем кој ќе може самиот да создава антитела. Кога станува збор за коронавирусот, ние многу кратко време живееме со него. Ќе пројде уште многу време додека да се донесат правилни заклучоци, вели д-р Глигиќ која смета дека вакцината од кинескиот производител „Синофарм“ потенцијално би можела да биде најбезбедна за доилките и бебињата, бидејќи како што вели таа, таа вакцина е најприродна.

Најнова студија во Израел покажа дека во млекото на доилки, шест недели откако ја примиле вакцината против коронавирусот, се пронајдени значителни количества на антитела, пишува Курир.рс. Со оглед на тоа дека ниту вакцинираните мајки, ниту децата, кои земале мајчино млеко, немале никакви значајни негативни реакции, истражувањето упатува на заклучок дека ова потенцијално би можело да биде добар вид на заштита на новороденчињата од коронавирусот, посебно од новите видови кои можат да бидат опасни за бебињата.

Извор: Слободен Печат

SHARE