Д-р. Исјановски: Нема да бирам вакцина, ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот

Прочитај за: < 1 минута

Д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје, во денешното гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24 изјави дека сите поликлиники се целосно подготвени во исчекување да пристигнат вакцините во Македонија.

-Нашите вакцинални пунктови се спремни, тимовите се подготвени, а одреден број на тимови се испратени и на вакциналните позиции во Модуларната болница на Инфективната клиника каде во тек е реализација на вакцинацијата на здравствените работници, клиничарите кои работат директно со кови-пациенти. Според моите информации досега се вакцинирани 1.100 здравствени работници. Со еден збор кажамп, Здравствениот дом-Скопје е е спремен и од технички аспект и за апликација на вакцината, како и за чување одредени количини на вакцините кои се надевам дека во земјава ќе пристигнат во следниве денови, вели директорот Исјановски.

Истовремено посочува дека е голем поддржувач на вакцинацијата, дека сите вакцини се безбедни, дека нус-ефектите се сосема незначителни и добро е граѓаните во што поголем број да се пријават за вакцинација.

-Да можев досега ќе се вакцинирав, но секако ќе почекам да дојде мојот ред и нема да бирам која вакцина би ја примил бидејќи се покажа дека вакцините кои се примаат во светот се и ефикасни и безбедни, истакна д-р. Исјановски.

Извор: faktor.mk

SHARE