Д-р Каревски: Нашите студенти не знаат дека правиме операции со 3Д технологија, а државата им носи доктор од Бугарија да ги обучува

Прочитај за: < 1 минута

Доктор Александар Каревски од одделот за трауматологија и ортопедија при болницата „8-ми септември“ во Скопје од 2019 година прави операции со помош на 3Д принт технологијата, но е разочаран што за неговите потфати студентите по медицина воопшто не се информирани, како и дека државата го игнорира и носи доктор од Бугарија да држи предавања за оваа технологија.

Доктор Каревски заедно со својот колега Петков се првите кои ја направиле оваа операција во Македонија, но и во регионот, а од 2019 година па до сега имаат направено уште најмалку пет вакви операции.

– Во 2019 година за првпат ја направивме операцијата со имплантација на вештачко рамо со помош на 3Д принт технологијата. Јас и доктор Ненад Петков го дизајниравме посебниот инструментариум кој беше потребен конкретно за таа пациентка затоа што имаше многу голем дефект на коските и беше практично многу тешко да се вгради протеза без да се направат посебни мерки и посебни водичи за вградување на таа протеза. Од тогаш до денеска се направени уште пет до шест слични операции, не само на рамо, туку и операции со помош на 3Д принтање и на потколеница, на стапало, од кои сите покажале одлични резултати.

Пред да започнеме со оваа технологија во 2019 година не најдовме ниту еден случај во регионот каде е користена таква технологија, имаше некои операции замислени на тој начин, но не со такво инволвирање на 3Д принтот, од кои повеќето беа во Европа, односно во Австрија и неколку такви операции во Франција, но дефинитивно бевме први во регионот, вели за „Слободен печат“ доктор Каревски.

Повеќе >> Слободен Печат

SHARE