Д-р Комаровски: Зошто децата денес немаат почит кон своите родители? Одговорот е едноставен

Д-р Евгениј Комаровски
Прочитај за: < 1 минута

Денешните деца не знаат да покажат почитување кон своите родители – барем не онакво почитување какво што постарите генерации морале да им покажуваат на своите родители, а за генерации пред нив и да не зборуваме. Тоа, исто така, е и еден од многу важните показатели за тоа каде сите ние одиме како општество.

Познатиот украински педијатар, д-р Комаровски, го објаснува ова преку одговор на прашањето на едни родители, кои велат: „Нашиот постар син, кој има седум години, честопати спрема нас се однесува безобразно, без никакво почитување. Често му одговара на неговиот татко и се однесува арогантно кон него. Ве молам, кажете ни што да правиме, како да го смениме?“, прашуваат загрижените родители.

Еве го краткиот одговор на Д-р Евгениј Комаровски:

„Ако сакате вашиот син малку повеќе да го почитува неговиот татко, тоа нема да го добиете во теорија. Може да му зборувате сешто на вашиот син, но сè додека вашиот син не доживее ситуации во кои неговиот татко може да направи повеќе и подобро, во кои ќе ја покаже својата интелигенција, својата машкост, во кои тој навистина ќе го научи своето дете на нешто, дури тогаш детето ќе научи да го цени.

Повеќе >> pedijatar.mk

SHARE