Докторот со најмногу успешни операции на катаракта во својата кариера: Човек треба да го работи само она што најдобро го знае

доктор наум трпеноски, операција катаракта
Прочитај за: 3 минути

Очниот хирург Наум Трпеноски може да се пофали со навистина богато искуство и најмногу успешни операции на катаракта во својата кариераOд неодамна го управува кормилото на Промедика очна хирургија а во интервју за Фактор ни раскажува повеќе за факоемулзификацијата, кога е најдобро да се отстрани катарактата, кое е неговото мото и визија.

Кажете ни нешто повеќе за Факоемулзификацијата

Факоемулзификацијата е метод на операција на катаракта. Природната леќа која е заматена со ултразвук се истиснува и потоа се аспирира. На нејзино место низ мал хируршки рез од 2.2мм се вметнува свитлива интраокуларна леќа. Хируршкиот рез не се шие туку за 24 часа самостојно зараснува. Операцијата се прави со локална анестезија која се аплицира со помош на капки. Анестезијата трае околу 15 до 20 минути. Пациентот по операцијата не се хоспитализира, односно не останува постоперативно, туку веднаш си заминува во домашни услови.

Кога е најдобро да се отстрани катаракта и дали катарактата може да се врати по операцијата?

Катарактата е најдобро да се отстрани веднаш штом се појави. Погрешно е да се чека да созрее. Секое одложување на операцијата ќе ја усложни операцијата и во тој случај катарактата нема да може да се отстрани со примена на потребната и препорачана количина на ултразвук, туку ќе треба да се употреби голема количина на ултразвук со што може да дојде до големи и неповратни оштетувања на корнеата на пациентот.

Како офталмолог, вашата специјалност е хирургијата на катаракта. Од неодамна мигриравте од државното во приватното здравство, а сега сте на чело на Промедика Очна Хирургија.

Кои беа мотивите за Ваш професионален исчекор во Промедика Очна Хирургија?

Пред сè тоа беа условите за работа, можноста да се работи на врвна опрема од брендот Zeiss и Bausch and Lomb која за прв пат се појавува во нашата држава и ме прави еднаков со било која европска оператива на катаракта според условите за работа. Тоа за  мене значи конечна реализација на моите желби и амбиции во офталмологијата како и можност да го завршам мојот докторат во областа на хирургијата на катаракта. Секако тука е и можноста на пациентите да им понундам огромен квалитет и сигурност при операцијата.

Запознајте ги нашите читатели што сé нуди Промедика Очна Хирургија? За какви потреби и проблеми можат да ви се обратат граѓаните?

Хирургијата на катаракта е наш приоритет. Јас лично имам став дека човек треба да го работи само она што најдобро го знае. Јас го работам она што најдобро го знам и не се ширам во работата. Работам намалување на диоптрија со вградување леќа, торична или монофокална леќа. Моја гордост се мултифокалните леќи кои се иднина и кои овозможуваат да се гледа и блиску и далеку истовремено.

По што сте различни од другите установи со слична дејност? 

Локациски сме во строгиот центар на градот. Различни сме по видот на импланти кои ги вградуваме. Брендот Bausch and Lomb е светски лидер во офтотламологијата. Единствени во Македонија ги вградуваме жолтите леќи на брендот Phisyol кои имаат четири држачи и кои ги прават најстабилни леќи внатре во окото. Секако тука е од големо значење опремата бидејќи сме тотално опремени од компанијата Zeiss од Германија чија опрема е апсолутен број еден во очната хирургија. Поседуваме кадар кој има огромно искуство при операциите на катаракта и на кој примарно му е да ги следи сите светски текови во областа на катарактата.

Откријте ни ги плановите на тимот на Промедика Очна Хирургија за во иднина?

Промедика е голема и сериозна компанија од областа на медицината. Нејзина цел е како таква секогаш да биде лидер во тоа што го работи. За неколку месеци планираме да воведеме  eximer laser и корекција на диоптрија, хирургија на задниот сегмент на окото, како и центар за слабовидост. Проектите се веќе во тек. Планираме исто така и нов перспективен кадар, односно дел од нововработените млади специјализанти во тимот да ги испратиме на дополнителна едукација, поточно специјализација по офталмологија во некои од најдобрите европски центри.

Кое е вашето животно мото, вашата визија?

Моето мото е дека работата не е арамија и мора да се покаже. Само со напорна и посветена работа се постигнува успех. А тој што е успешен во својата работа, ќе биде успешен каде и да работи.

Извор: faktor.mk

SHARE