Смеам ли да се вакцинирам ако имам алергија на антибиотик?

Прочитај за: < 1 минута

Според прашањата што често се поставуваат, пред и по вакцинација во „мода“ е добивањето тромби, како и мерењето на Д-димерите што, според Пановски, е сосема без потреба

Дали доколку некој е алергичен на одредени антибиотици, треба да се вакцинира и дали вакцината може да ја активира алергијата, која можеби се случила еднаш досега и тоа можеби пред повеќе од десет години.

Ова се прашањата на сè почестата дебата на социјалните мрежи за тоа дали вакцината има влијание врз здравјето на луѓето или не. Еден од последните примери се алергиите.

На што се должи тоа? Дали станува збор за страв од вакцина, лажни вести или оправдана претпазливост?

Едни од најчестите прашања во групите за размена на ковид-искуства на „Фејсбук“ се дали алергија на пеницилин или цефалексин може да има некоја контраиндикација од вакцинацијата.

Лековите даваат повеќе несакани ефекти отколку вакцините

Еден од оние што често ги разрешуваат дилемите на граѓаните е микробиологот, проф. д-р Никола Пановски, кој вели дека често размислувањата за одредени прашања се парадоксални.

Затоа, според него, стравот кај граѓаните е неоснован, зашто алергиите при вакцини постојат, но многу се поретки отколку кон некои лекови.

– Интересно, граѓаните без проблем и без многу прашања примаат различни лекови, било преку уста, мускулно било преку вена и не се плашат од алергии, како од вакцините, иако шансите да добијат алергија кон тие лекови се десетици пати поголеми – додава тој.

Повеќе >> www.fakulteti.mk

SHARE