Проф.д-р. Софијанова: Малата Ана го победи Ковид-19 и покрај малигното заболување, нејзината насмевка ми е посебно драга

деца починале
Прочитај за: 2 минути

Ќе се стремиме кон една поинаква реорганизација, пред сè на постигнување на поголема ефикасност на работењето во Клиниката за детски болести, со крајна цел, да постигнеме повисоки стандарди во лекувањето и третманот на најмалите пациенти, вели во денешното интервју за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф.д-р. Аспазија Софијанова.

Вели дека фокусот ќе биде ставен на амбулантскиот дел, бидејќи како што посебно истакнува, од исклучителна важност се пациентите кои имаат хронични заболувања, а кои терапијата единствено може да ја примат само на Клиниката за детски болести. Како единствена здравствена установа во која се третираат ретки болести кај најмалите пациенти, проф. д-р. Софијанова со посебна гордост говори за успешноста на ова поле од медицината и за детските насмевки кои за нив се потврда дека правилно ја завршиле задачата.

По не цели четири години повторно сте на чело на Клиниката за детски болести, што увидовте дека недостасува и на што ќе го ставите акцентот како прв човек на оваа исклучитено важна здравствена институција во земјава?

Проф. д-р. Софијанова: Ова е навистина клучната клиника, место каде што се лекуваат децата и каде што е врвниот академскиот кадар од оваа област. Постојат убави детски болници и низ целата државата, но тука е академкиот кадар од каде што потекнува професионализмот во највисоката смисла на зборот и од каде што потекнуваат лекувањата на најтешко болните дечиња, а тоа е токму Клиниката за детски болести. Можеби тоа беше и една од причините заради кои сепак останав тука и покрај оној гап период кој што постоеше. Најискрено она што сепак сметам дека треба да се надополни, да не речеам да се надогради, е токму постоењето на малку поинаква организација и подигнувањето на нивото на стандардот на однесувањето и кај нас, самите здравствени работници и соработници и се разбира на она што ние треба да го дадеме кон пациентите. Се разбира, во мојот однос и прецепција и претходно и од тоа што го имам прошетано да не речам целиот свет, многу болници во светот, каде што се имам едуцирано, доедуцирано и така натаму, постојат многу болници биле модел кон кои се стремиме за да направиме малку една покрупна реорганизација. Кога велам покрупна реорганзација, сметам да ги постигнеме стандардите кои ги бараат сите оние акредитации, реакредитации на самата болница, пред се стандардди на однесување, лекување, една организација во која малку повеќе ќе има состем на еден ред на однесување, таа помалку комфортна зона ќе мора малку да се стегне. Ова е искрено, и ова е токму јас.

Повеќе >> faktor.mk

SHARE