Пациент не дозволувал медицински персонал да влезе во неговата соба

Прочитај за: < 1 минута

Нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал вчера во СВР скопје било пријавено од страната на обезбедувањето на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за 60-годишниот С.В. од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот, соопшти полицијата.

Извор: press24.mk

SHARE