Две дози на руската вакцина ќе чинат 500 денари!

Прочитај за: 2 минути

Цената на руската вакцина против вирусот корона за меѓународниот пазар првично ќе изнесува околу 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата Р-Фарм, Алексеј Репик.

Според нашите проценки, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози (околу 500 денари ). Тоа е цената за извоз на странските пазари, рече тој за ТВ-каналот Русија-24.

Вакцината ќе стане поевтина кога нејзиното производство ќе го достигне оптималното ниво на птоизводство, рече Репик, пренесува ТАСС.

Русија е првата земја која регистрираше вакцина против вирусот корона нарекувајќи ја Спутник V.

Израел ќе ја тестира руската вакцина против ковид-19 и ќе започне преговори со Русија за купување ако тестовите покажат дека се работи за сериозен производ, изјави израелскиот министер за надворешни работи Јули Еделштајн.

Новата руска вакцина ја објави лично претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, а рускиот министер за здравство ги отфрли тврдењата на некои стручни кругови од целиот свет дека вакцината не е безбедна.

Рускиот фонд за директни инвестиции и бразилската држава Паранљ се договорија за соработка во областа на производство и дистрибуција на првата регистрирана вакцина во светот против вирусот корона „Спутник V“, се наведува во соопштението на фондот.

Генералниот директор на рускиот фонд, Кирил Дмитриев и гувернерот на државата Парана, Карлос Маса Ратињо Жуниор, учествуваа на онлајн церемонијата за потпишување на договорот.

Во рамките на потпишаниот стратешки договор за соработка, Рускиот фонд за директни инвестиции, заедно со фармацевтските корпорации на државата Парана, ќе организираат производство на вакцината„ Спутник V “и нејзина дистрибуција во Бразил и други земји од Латинска Америка.

Наскоро, Рускиот фонд и Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеи ќе бидат подготвени да ги достават до Технолошкиот институт на државата Парана, сите резултатите од клиничкото тестирање на вакцините и технолошките протоколи за нејзино производство, се наведува во соопштението на фондот.

Директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитријев, истакна дека Бразил е една од петте клучни земји што се подготвени да обезбедат производство на руската вакцина.

Ние сме сигурни во високата безбедност и ефикасност на Спутник V и се надеваме дека бразилскиот регулатор наскоро ќе одобри употреба на вакцината, рече Дмитријев.

Извор: Во центар

SHARE