На 15 години се остварив како мајка: Елена од Ресен за животните предизвици како малолетна мајка

Прочитај за: 2 минути

Како да се справи со сите предрасуди, лоши коментари, и животни предизвици едно девојче од 15 години кое ќе дознае дека е бремена? Како да соопшти дома на родителите? Како и дали ќе се промени односот кон неа од нејзините соученици?
За Женски магазин тинејџерка мајката, Елена Наумовска од Ресен, која се остварила како мајка на 15 години ги откри сите детали за бременоста, предрасудите, неизвесноста и предизиците со кои се соочува.

За веста дека е бремена на само 15 години, таа вели дека ја прифатила сосема нормално, знаела дека животот ќе ѝ се промени, а тоа, смета дека било кон подобро.

Секој со својата планина, велат постарите, но колку сме подготвени да се носиме со она кое најмалку сме го очекувале, она за кое сме свесни дека ќе ни го промени животот од корен. Млада мајка Елена е силна и горда на својата одлука, па денес има 18 години и три девојчиња.

* Живеете во Ресен. Како општеството, околината (сепак Ресен е мал град) реагираше на информацијата дека си бремена?

– Лично мене никој не ми се обратил со лош коментар, обично се коментари од типот „Како успеваш и училиште и мајчинство”, „Браво за храброста”, „Млада мама, што убаво” и слично, но многу е јасно дека не секој мисли така.

Елена, сподели дека очекувано со дел од соучениците изгубила контакт, а оние најблиските се радувале за неа, па и ден денес се нејзина поддршка.

– Со поголем дел од соучениците не сум во контакт бидејќи тие имаат свои обврски јас свои, но оние со кои сум поблиска беа среќни исто како мене, за сите три бремености се радуваа на мојата среќа. Наставниците воглавно се со коментари како и сите останати како што наведов претходно.

* А, како реагираа твоите родители?

– Родителите секогаш го сакаат најдоброто за своите деца, знам по себе. На почеток не им беше во ред тоа, но секако дека сакаа само јас да бидам среќна така што ја поддржаа мојата одлука и сега се супер баба и дедо.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE