Првата дама доби емотивна пофалба: “Човечиште, секогаш наоѓа време за своите пациенти”

Елизабета Ѓорѓиевска
Прочитај за: < 1 минута

Елена Атеска, лице со инвалидитет, на својот профил на Фејсбук сподели искуство со првата дама на земјава, Елизабета Ѓорѓиевска.

Сопругата на претседателот е позната по тоа што постојано оди на работа, одржува настани и во време на коронавирус, а објавата на Елена е само еден скромен доказ за тоа.

И покрај сите обврски како… навидум кревка.. ТАА… јас велам мојот најдобар матичен стоматолог… зрачи со позитивна енергија… секогаш наоѓа време за своите пациенти. Насмеана и таа насмевка ми ја пренесува СЕКОГАШ… а замислете таа е ПРВА ДАМА.. НО ПРЕД СЕ ЧПВЕК… НЕ ТУКУ ЧОВЕЧИШТЕ… ЈА САКАМ МНОГУ- стои во описот на нивната заедничка фотографија, каде Елизабета е во целосна заштитна опрема, по препораките за заштита од Ковид-19.


Извор: Женски Магазин

SHARE