Оваа подмолна болест ја погодува секоја 10-та жена, а симптомите понекогаш изостануваат – за што станува збор?

ендометриоза

Од обилни и болни менструални циклуси до секс проследен со силна болка, може да бидат само дел од симптомите на ендометриоза, дијагноза со која се соочува секоја десетта жена.

Во просек, потребни се околу седум години за да се дијагностицира овој проблем.

Ендометриозата влијае на една од десет жени во репродуктивниот период. Оваа состојба предизвикува болна и обилна менструација, болка за време на сексуалниот однос и проблеми со плодноста, симптоми кои значително влијаат на животот на пациентите.

Дополнителен проблем е што се потребни дури седум години од почетокот на првите симптоми до точната дијагноза.

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата.

Кај ендометриоза, клетките трансплантирани на другите органи реагираат на истиот начин како ендометриумот – растат и крварат под влијание на хормоните, но крвта не може да го напушти телото. Тоа води до воспалителен процес и формирање на цисти и лузни на околното ткиво.

За жал, причините за појава на ендометриоза не се познати. Постојат повеќе претпоставки почнувајќи од генетска предиспозиција и нередовни менструации, до неможност на имунолошкиот систем да се справи со елиминирањето на клетките кои излегуваат од матката, но ниту една не е целосно потврдена.

Покрај тоа, треба да знаете дека има жени коишто имаат ендометриоза, а немаат никакви симптоми. Болеста се утврдува лапароскопски со хируршки метод, кој му овозможува на хирургот да ја испита внатрешноста на абдоменот со помош на уред и да изврши многу детален ултразвучен преглед.

loading...
SHARE