Филипче: 4.394 здравствени работници ќе добијат домашна платежна картичка

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека домашна платежна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници.

-Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40% од последната основна нето-плата.

Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19, напиша министерот на фејсбук.

SHARE