Филипче: Ќе се удвои бројот на бесплатни вакцини против сезонски грип

Прочитај за: 2 минути

Зајакнување на болничките капацитети, брзо тестирање, зголемување на медицинскиот персонал се дел од чекорите што Министерството за здравство ги презема како подготовка за евентуален нов бран на корона вирусот оваа есен. Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Алсат вели дека продолжува изградбата на модуларни болници во 16 општини низ земјава.

Прво ги спремаме 16-те Ковид центри по примерот на модуларната болница до Инфективната клиника, за да се зголеми бројот на болнички кревети во сите болници ширум државата, и целосно да се оделат овие пациенти со Ковид-19. Во секоја од овие 16, ќе ги наречам Ковид центри ќе има брза диагностика. Да се знае веднаш после приемот дали пациентот е носител или не на вирусот, да се знае по која патека да се движи. Понатаму разговор со младите лиценцирани лекари, тие веќе прифатија огромен дел од нив кои што добија лиценца пред неколку недели, да работат со своите постари колеги“- изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

Министерот Филипче изјави дека дел од стратегијата е удвојување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Тој вели дека вакцината нема да биде задолжителна, но тоа е важна мерка за заштита против Ковид 19, особено за луѓето од најранливите групи.

 Ќе ги ваксинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има ваксина и за здравствените работници, за трудниците…тие кои што сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“-рече Венко Филипче, Министер за здравство.

Околу сегашниот медицински персонал, министерот Филипче вели дека во моментов нема недостаток на специјалисти. Тој додаде дека лекарите почнале да ги користат одморите, по план и во координација со директорите на болниците, така што во ниту еден момент не се оставени клиниките без специјалисти и соодветен персонал.

SHARE