
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска на социјалните мрежи објави една убава вест.
“Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро. Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови.
Фотографијата е направена и објавена со дозвола на родителот”