Филипче: Комисијата за заразни болести и претставници на МОН ќе работат на протокол за настава со физичко присуство

Прочитај за: < 1 минута

Здравствените власти имаат план за тоа што ќе прават летово за да може да се донесе конечна одлука дали учениците од септември ќе ја следат наставата со физичко присуство. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека ќе се прави евалуација на препораките за вакцинација на децата од 12 до 16 години.

„Има потврда од Американската агенција за лекови дека вакцината на Фајзер е биде одобрена за деца. Во нашите планови за пристигнување на вакцини, таа бројка на деца од 12 до 16 години може да ја покриеме со количина и ќе ја зачуваме, ќе проектираме таа да биде за децата. Нормално таа вакцина нема да биде задолжителна“, изјави Филипче.

Тој информира дека Комисијата за заразни болести ќе работи на протоколи за настава со претставници од МОН.

„Понатаму, работа на тоа да се подготви протокол. Има многу препораки како би се одвивала наставата во една училница во однос на циркулација на воздухот, отворање прозори и така натаму. Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование ќе работи овој период согласно сите препораки коишто се сега на сила, да се направи еден протокол, препорака вклучувајќи ја и таа за вакцинација, да видиме какви ќе бидат сознанијата, за да се вратат учениците со физичко присуство од први септември“, додаде министерот.

SHARE