Филипче: Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита

Прочитај за: < 1 минута

Благодарение на брзата прераспределба на брзата реорганизација на системот на ротација ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита.

Во ОБ Прилеп се прави планирање на дневна основа кои одделенија ќе бидат преадаптирани доколку е потребно. Модуларната болница тука во Прилеп е еден од 19 -те објекти, кои ги поставивме за рекордно кратко време нешто помалку од 3 месеци во 16 општини и е дел од вкупно 10.000 квадрати, повеќе од 600 боолнички кревети со кои сега располага нашиот здравствен систем.

Во оваа болница во Прилеп изминатите 2,5 години навистина многу инвестиравме примени се над 100 вработени лекари, медицински сестри без кои тешко овој удар да можеше да се амортизира и да се даде соодветна здравствена услуга.

Честитки на менаџерскиот тим, на сите вработени, за се тоа што прават досега.


SHARE