[Видео] Филипче: Во пораст е бројот на пациенти заразени со коронавирус, но здравствениот систем засега е добро менаџиран

Прочитај за: < 1 минута

Веќе се работи планот на посебни пунктови во рамките на здравствениот дом во Скопје, за што ќе известам следните денови, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар, заради тоа што таму има заразени здравствени работници – рече Филипче.

Денеска заседаваше и главниот Кризен штаб, рече министерот, се разговараше за повеќе прашања.

– Утре ќе биде доставен потрошен материјал кој е потребен во Дебар. Ни пристапија и повеќе компании кои ќе изработат заштитни маски од соодветен материјал- рече Филипче.

На Клинички се работи на подобрување на инфраструктурата, на подобрување на пристапот на Инфективна Клиника.

– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, ЈП „Улици и патишта“ за уште една линија за влез на хируршките одделенија, со што ќе се олесни пристапот до кампусот- рече Филипче.

Во пораст е бројот на пациенти заразени со коронавирус, сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран.

– Добро е што пациентите се откриваат во рана фаза, бидејќи оние кои се откриваат во доцна фаза тие го колабираат здраствениот систем. Ова не е нешто што може да го изменаџира само здравството, важни се и граѓаните, тие треба да придонесат оваа криза да се надмине – рече Филипче.

SHARE