Пикот е резултат на семејни и други собири од пред две недели, во Скопје 41 кластер

venko filipce
Прочитај за: < 1 минута

Овој пик е резултат на семејни и други собири од викендот на 23, 24 и 25 мај, односно од пред две недели, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче, викендот кога муслиманскитe верници го славеа Бајрам, а православните празникот „Свети Кирил и Методиј“, кога имаше делумен карантин.

Викендов додека траеше полицискиот час во неколку ризични општини епидемиолозите ги тестирале контактите на позитивните пациенти. Анализата покажала дека најголем дел од заболените се заразиле на семејни собири. Околу 65 проценти од активните случаи се поврзани со веќе познати случаи, а 90 отсто се од 41 кластер во Скопје, рече Филипче.

Огромен дел од новите заразени се со лесна клиничка слика или асимптоматски, а само осум пациенти се на механичка вентилација.

Извор: fokus.mk

SHARE